СОС претставник/чка на терен

Job Locations MK-Skopje | MK-Skopje
Job Post Information* : Posted Date 5 days ago(23/09/2026 08:53)
ID
2026-2658
# of Openings
1
Function
Развој на фондови

‎

СОС Детското село С. Македонија е здружение на граѓани кое претставува дел од големото семејство на национални здруженија на меѓународната хуманитарна организација “СОС Детски села Интернационал”. Здружението делува и работи на развојни програми од областа на социјална заштита, социјална превенција и детски права.   

   

Здружението на граѓани СОС Детско село С. Македонија ја објавува следната позиција:   

  

 

🎯 СОС ПРЕТСТАВНИК/ЧКА НА ТЕРЕН

📌Скопје 

 

🤝 Биди дел од мисија што менува животи! 

СОС Детско село бара комуникативни, мотивирани и хумани луѓе кои ќе ја шират нашата порака и ќе ја зголемат мрежата на СОС Пријатели. 

  

🔍 Ти си вистинскиот избор ако имаш:  

✔️ Одлични комуникациски вештини со граѓаните на терен 
✔️ Искуство во продажба или промоција 

✔️ Вештина за преговарање 

✔️ Ориентираност кон остварување цели 

✔️ Тимски дух и позитивна енергија 

✔️ Желба да придонесеш за хуманитарна кауза 

  

💼 Нудиме: 
⏰ Скратено работно време (4 часа) 
📅 Флексибилни работни денови 
💸 Редовна плата + стимулативни бонуси за твојот труд 
🌍 Искуство во интернационална хуманитарна организација 
📚 Обука и можност за напредување  

  

👫 Градиме различни тимови, поради тоа што веруваме во различности и ги охрабруваме кандидатите од сите возрасни групи да аплицираат.  

💬 Твоите комуникациски вештини можат да променат нечиј живот. Стани СОС Претставник - бидејќи хуманоста е најсилниот аргумент. 

  

📧 Аплицирај најдоцна до 07.10.2026 година

  

Напомена: Вашите лични податоци ќе бидат обработени со цел да се изврши процес на регрутирање за понудената работа. Доколку ни дадете експлицитна согласност, вашите лични податоци ќе бидат обработени и за учество во понатамошни процеси на регрутирање што ги спроведува СОС Детско село и испраќање известувања за понуди за работа. 

СОС Детскo селo практикува политика на нулта толеранција за злоупотреба, дискриминација и непрофесионално однесување. Сите кандидати со самото аплицирање се смета дека се согласуваат со Кодексот на однесување и Политиката за заштита на деца и млади и се подготвени да работат согласно нив. Организацијата, исто така, се залага за унапредување на родовата еднаквост и активно придонесува кон одржување на родова рамнотежа во сите аспекти на своето работење. 

 

 

Опции

Sorry the Share function is not working properly at this moment. Please refresh the page and try again later.
Сподели на твојата почетна страница